Љубов и Секс

Едноставен потег што може да ви ја спаси врската

Едноставен потег што може да ви ја спаси врската

Романтичните врски бараат негување, но во долгите врски се случува со тек на време да развиете шеми на однесување.

Романтичните врски бараат негување, но како најдобро да се негува постојната врска? Дел од проблемот што може да се случи во врската е фактот дека со текот на времето, во секоја врска се развиваат шеми на однесување.

Шеми во однесувањето, шеми во чувствата, во она што го очекуваме од партнерот (и самите себе). Овие шеми ги дефинираат нашите дневни интеракции.

Можеби се доволно здрави за да ја одржат врската жива, но што ако сакате вашата врска да опстане, а не само да напредува? Тогаш можете да дадете сѐ од себе за да ги подобрите вашите шеми.

Експертите за врски се обидуваат да идентификуваат шеми преку кои врската може да функционира здраво, а една од тие шеми важи и за употребата на мобилните телефони.

Мобилните телефони станаа неизбежен дел од нашите животи, а кога станува збор за нивното влијание врз врските, стручните совети се едноставни: мобилниот телефон нека биде ваша сопственост, а не ваша обврска или одговорност.

Телефоните можат да создадат проблеми во врската. Тука се порталите, страниците за шопинг, социјалните медиуми… Кога луѓето се фокусирани на содржината на нивните мобилни телефони до степен да ги игнорираат партнерите, тоа може да создаде проблеми во врската.

Врската сигурно може да страда поради тоа, но, за среќа, има решение и во оваа ситуација.

Наместо да биде причина за криза во вашата врска, користете мобилниот телефон како средство за подобрување на вашата врска. Како? Едноставен чекор што може да помогне во врската и да го зголеми задоволството на обете страни е да испраќате позитивни СМС пораки.

Врските, меѓу другото, се градат врз мали нешта, а изразувањето благодарност, на пример, е идеален пример за мало, но моќно однесување што може позитивно да влијае на врската.

Може да изразите благодарност на многу начини, а понекогаш и вашиот мобилен телефон може да послужи како средство за да му покажете на вашиот партнер дека сте свесни за сè што тој прави за вас, вашето семејство или вашата врска.

Изразувањето благодарност ги прави партнерите да се чувствуваат повеќе поврзани и задоволни во врската.

Врските не се статични, а обраќањето внимание на шемите во врската може да ви даде увид во вашата врска: дали е добра, дали може да биде подобра, што треба да подобрите и што е добро.

Мали чекори, како овој со СМС пораките и мобилниот телефон, можат да ви помогнат да бидете посреќни и да ја направите вашата врска уште посилна.

извор: Кајгана

To top