Луѓето коишто ќе решат да потрошат пари на „купување“ повеќе слободно време, а не на нешто што има материјално вредност, се чувствуваат посреќно и позадоволно, покажуваат резултатите од студијата што ја спровеле научниците од канадскиот универзитет Бритиш Коламбија, објавена во списанието Proceeedings of the National Academy of Sciences.
Истражувањето покажало дека учесниците во студијата биле позадоволни и посреќни кога 40 долари потрошиле на плаќање на некоја услуга или работи и на тој начин си овозможиле дополнително слободно време, откако кога истата сума пари ќе ја потрошеле на некоја материјална работа.
Психолозите утврдиле дека стресот кој во модерниот свет се случува поради постојаната трка со времето придонесува за настанувањето на анксиозноста и несоницата. Го изнесоа податокот според кој и многу богати индивидуи често без расположени трошат пари за да им платат на други да завршат некои работи за нив.
„Со низата експерименти утврдивме дека луѓето кои трошат пари за да ‘купат“ повеќе слободно време се посреќни и воопшто позадоволни“, вели др Елизабет Дан, професорка по психологијата на споменатиот канадски универзитет.
На овој феномен значително влијаеле зголемените приходи на поединци во многу земји. Од Германија до САД луѓето постојано се „во трка и недостиг од време“, им изгледа дека никогаш го немаат доволно, што резултира со стрес на дневна основа.
Група американски, канадски и холандски психолози спровела тестирање на 6.000 возрасни лица меѓу кои имало и 800 милионери. Им биле поставувани прашања за тоа колку пари трошат на „купување време“.
Утврдено е дека помалку од третина од учесниците во истражувањето секој месец издвојуваат одредена сума пари за тоа некои работи за нив да ги извршат други луѓе. Но членовите на таа група одговориле дека се посмирени и воопшто позадоволни од животот, бидејќи благодарејќи на доверувањето на работите на некој друг се под помал притисок.
Психолозите спровеле уште еден двонеделен експеримент меѓу 60 вработени возрасни жители на Ванкувер
Од нив се барало во текот на викендот да потрошат 40 долари на нешто што ќе им го заштеди времето. Некои купиле оброк кој им бил доставен на работното место, некои на децата на соседите им платиле да им извршат некои поситни работи како косење трева или, наместо перење и сушење на облеката ја однеле во дуќан за хемиско чистење.
Вториот викенд добиле задача истата сума пари да ја потрошат на помали материјални вредности, како вино, делови од облека, книги….
Резултатите од истражувањето покажале дека испитаниците биле многу позадоволно откако парите ги потрошиле на работите кои и го заштедиле времето, бидејќи се чувствувале многу порелаксирани.
„Времето дефинитивно може да се купи со пари, а резултатот е многу ефикасен. Размислете дали постои нешто што не сакате да го правите, а тоа наместо вас со мал паричен надомест може да ги изврши некој друг?“, заклучува др Дан и додава дека и науката потврдува дека тоа се многу добро потрошени пари.
Психолозите велат дека резултатите од истражувањето би можеле да им бидат од полза на сите оние коишто сметаат дека по враќањето од работното место мора да извршат уште една смена домашни работи.
извор:нетпрес.ком.мк