Радио Милева На плажа!

Снеже Велков не ги крие годините, а овој роденден ќе го памети цел живот бидејќи нејзинот сон стана јаве (фото)

Снеже Велков не ги крие годините, а овој роденден ќе го памети цел живот бидејќи нејзинот сон стана јаве (фото)

Велат дека за годините на понежниот пол не се дискутира, а пак дамите, особено оние од шоубизнисот, ретко кога се одлучуваат да ја откријат својата возраст.

ТВ водителката и финес инструкторка Снеже Велков нема таков проблем и јасно го истакна бројот 39 на свеќичките од роденденската торта.

фотоснеже велков/инстаграм принтскрин

Но, она што беше во фокусот од роденденот на Снеже не беа годините, туку тоа што после толку родендени во животот за прпат го слави на најпосакуваното место- на плажа, а како за првпат во Охрид!

По тој повод за нејзиното остварување на сонот, таа посвети една подолга објава на својот Инстаграм профил во која вели:

фотоснеже велков/инстаграм принтскрин

Кога соништа се остваруваат!
Си беше еднаш една Снежана родена како “зимско дете” на 5 март,кое од секогаш сонуваше роденден да слави на плажа…
Ама таму од каде доаѓаше беше најстрого “забрането” славење роденден на отворено во зима! Оти ладно е,оти кај се видело на студ да се собира народ?Оти ќе се настане.
А постоеше и верувањето дека ако се седи на ладна земја или бетон не дај Боже најстрашна болештина се фаќало,да не збориме дека ако без мајца се излегувало лошо ти се пишувало.
И така Снеже 38 години се’ на затворено роденден си славела а сонувала за плажа..
И дојде 2021.Снеже порасна, да не речеме влезе во позрели години т.е наполни 39..
И беше едно чудно време кога дискотеки не работеа,концерти немаше,во кафана беше забрането собирање,пеење па ич, а гушкање и бацување скроз не дозволиво..

И види,види, се отвори можност за славење на едно место долго посакувано…
Плажа! И од тогаш Снеже си живееше среќно и весело со заклучокот:Ако доволно силно сакате Соништата се исполнуваат макар и на 39 години.

фотоснеже велков/инстаграм принтскрин

Фотографиите од овој незаборавен ден ги сподели јавно, а од нејзиното лице евидентно е дека на среќата и немало крај.

фотоснеже велков/инстаграм принтскрин

Во прилог на овој специјален 39-ти роденден Снеже сподели и фотографии од раните 80-ти кога била малечка во прегратките на мама и тато.

фотоснеже велков/инстаграм принтскрин

Среќен роденден!

To top