Пронаоѓањето на вистинскиот партнер не е едноставна работа. Иако можеби не мислиме така, често проблемот е токму во нас, затоа што поради лажните уверувања не успеваме да ја пронајдеме таа посебна личност.
Еве шест најчести лажни уверувања што сингл девојките би требало да ги променат за да можат да ја најдат искрената, единствена и вистинска љубов.
- Мислите дека на мажите им се допаѓа одреден тип жени
Ако идеализирате одреден тип жени, тогаш најверојатно ќе мислите дека и мажите го мислат истото што и и вие. Но, не сте во право. Кога станува збор за жените, мажите имаат различни вкусови, а што е уште поважно, тие несакаат површни жени. Ним им е поважно жената да се чувствува добро во сопственото тело и да е сигурна во сопствениот изглед и интелегенцијата. Ако и самите го имате овој проблем, задолжително треба да поработите на зајакнување на сопствената самодоверба.
- Се споредувате со другите жени
Споредбата е нешто најлошо што можете да го направите, затоа што обично завршува со омаловажување на сопствениот изглед и вредност. Без разлика на тоа дали сметате дека сте подобри или полоши од другата личност, негативноста и љубомората ќе бидат вкоренети во несигурноста и недостатокот на љубов кон себе си. Почнете поинаку да гледате на луѓето околу себе. Фокусирајте се на нивните (но и на сопствените) добри и убави страни. Немојте да се воздржувате да давате комплименти, па себе си ќе се гледате во поинакво светло.
- Сметате дека треба да глумите за да го привлечете совршениот маж
Најголемиот проблем е кога сметате дека не сте доволно добри и дека морате да глумите за да го привлечете вниманието на мажот што ви се допаѓа. Сепак, единствениот начин да создадете трајна, одржлива и безусловна врска исполнета со љубов е да бидете она што сте. Ништо друго нема да го задржи покрај вас. Дајте си шанса себе си да бидете весели и опуштени. Не постои ништо попривлечно од жената што е свесна колку вреди и која знае што сака.
- Веќе сте си зацртале каков треба да биде идеалниот маж
Сигурно е најдобро да пронајдете партнер кој е совршен во се’. Но, можностите за тоа се премали. Во главата може да имате слика за тоа каков би требало да биде тој и несакате ништо поинакво од од тоа. Наместо да се фокусирате на неговиот физички изглед, обрнете внимание на неговите особини. Неговата страст и амбиции се многу поважни од неговата работа (која најверојатно не го прави среќен). Наместо совршените физички атрибути, побарајте маж кој поседува развиен и отворен дух. Фокусирајте се на квалитетите што се кријат под површината, затоа што токму тие ќе влијаат на вашиот заеднички живот.
- Вашиот збор мора да биде последен
Играњето игри не е забавно на долги патеки и само создава чувство на недоверба и конкурентност во врската. Кога помеѓу партнерите владее вечна борба за тоа кој ќе го има главниот збор, тогаш постои и страв дека некој од вас двајцата ќе биде повреден. Тоа е така затоа што сметате дека само со контрола и доследност можете да ја докажете сопствената надмоќност.
Но, поради ова, тој најчесто станува незаинтересиран и си оди, а вие останувате со скршено срце. Наместо тоа, обидете се да бидете на иста страна, да најдете компромис и двајцата подеднакво да давате и примате. Ако се обидете, ќе сфатите дека чувството е одлично.
- Мислите дека е предоцна за се’
Ако самите себе си се убедувате дека сте ги пропуштиле сите шанси, ќе дојдете во ситуација да престанете да се надевате. Всушност самите себе си си говорите дека она што вистински го сакате, едноставно неможете да го имате. Самите себе си се одбивате пред да ја добиете можноста да бидете одбиени.
Заборавете на старите навики и поченете да размислувате позитивно. Убедете се самите себе си дека сепак постои некој што ве чека само вас. Заборавете на грижите и почнете да верувате дека и вам ќе ви се случат убави нешта. Љубовта не може да се планира, таа едноставно се случува. И додека го чекате „оној вистинскиот“ обидете се да остварите подобра и поубава врска со себе си.
извор: нетпрес