Сексот не е тука само заради репродукција, зближување со партнерот или за многумина, поради забава – во него лежи и многу повеќе од тоа.
Со сексот можете да ја подобрите и здравствената состојба бидејќи е одличен начин за елиминирање на стресот, подобрување на сонот, намалување на крвниот притисок и зајакнување на имунитетот. И тоа не е сè – истражувањата покажуваат дека сексот може да го продолжи животот.
Сепак, се поставува прашањето – колку често треба да се практикува? Научниците од универзитетот во Калифорнија го истражувале сексуалниот живот на 129 мајки кои биле во врска. Тие секој ден поднесувале извештаи, говорејќи колку биле задоволни од својата врска и колку често се интимни со своите партнери.
Истражувачите, освен тоа, од нив зеле и примероци крв за да ги анализираат индикаторите на стареење.
Кога ги споредиле нивните извештаи со крвните наоди, дошле до интересен образец. Имено, студијата покажала дека жените кои со своите партнери во текот на тие недели биле интимни барем еднаш неделно, имале многу подолги теломери од оние кои воопшто немале секс.
Како што заклучиле истражувачите, сексот еднаш неделно е идеален број за забавување на стареењето и помош во одржување на своето здравје, но и љубовната врски. Со тоа, сексот еднаш неделно го продолжува животот!
извор:точка.ком.мк