Познатиот канадски музичар Дејвид Фостер стана татко по шести пат на 71 година.
Неговата сопруга, 35 години помлада избраничка, актерката Кетрин Мекфи (36) го роди своето прво, а шестото дете на Дејвид, здраво момче.
Раѓањето помина добро, и мајката и бебето се чувствуваат одлично. Ова е првиот син на Фостер – тој има пет ќерки од претходните бракови, а најинтригантен е фактот дека неговите четири ќерки се постари од сегашната сопруга! Неговата најмлада ќерка е две години помлада од Кетрин.
View this post on Instagram
Дејвид и Кетрин се венчаа во Лондон во 2019 година, по две години хармонична врска, таа јавно рече дека тој е мажот на нејзиниот живот, и покрај големата разлика во возраста.