За време на сексот се фокусираме на задоволство и забава, но секогаш треба да ги имаме предвид и работите кои можат да го расипат целото искуство.
Прочитајте кои пет грешки никогаш не смеете да ги правите во кревет.
1. Не го потценувајте ризикот од сексуално преносливи болести
Да го прашате вашиот партнер дали е тестиран за сексуално преносливи болести не е доволно за да се заштитите од можна инфекција, особено ако сè уште не сте имале сексуален однос. Сексот без кондом значи ризик од добивање сексуално преносливи болести особено во денешно време кога болестите како гонореја стануваат потешки за лекување, бидејќи се создава отпорност на лековите.
2. Не користете истовремено лубриканти на база на масло и кондоми од латекс
Ако користите презерватив направен од латекс, немојте да користите и лубрикант на база на масло, вклучувајќи природни лубриканти како маслиново или кокосово масло, бидејќи маслото ќе го оштети латексот и кондомот ќе биде неделотворен. Со презерватив најдобро е да користите лубриканти на база на вода или силикон.
3. Не користете погрешни сексуални помагала
За игри во кревет добро е да користите единствено помагала направени специјално за користење за време на сексот. Лекарите од Брза помош често имаат случаи кога пациентите се со оштетени интимни делови поради користење несоодветни предмети, па дури и храна за време на сексуалниот однос.
4. Не го брзајте партнерот да доживее оргазам
Преголемото фокусирање на доживување оргазам може да биде штетно, бидејќи ќе создаде напнатост помеѓу партнерите. Понекогаш нема да постигне оргазам и тоа е во ред. Ако партнерот или партнерката не може да го достигне врвот, најдобар начин тоа да го промените е самостимулацијата да стане заедничка активност. На пример, можете да се бакнувате или да го гледате партнерот додека се допира. Кога ќе прифатите дека пенетрацијата не е неопходна за оргазам, многу повеќе ќе уживате за време на сексот.
5. Не пробувајте работи кои се ‘премногу’ за вас
Пробувањето нови работи во сексот секогаш е добредојдено, но немојте да претерувате. Ако се впуштите во егзибиционистички пози кои се премногу за вас, може да се повредите, односно можете да си нанесете повреди на интимните делови. Поради тоа новите пози секогаш испробувајте ги понежно и опуштено. Кога ќе ги совладате, можете да станете поенергични.
извор: точка.мк