Љубов и Секс

Кои се мажите кои најчесто плаќаат за секс?

Кои се мажите кои најчесто плаќаат за секс?

Дали некогаш сте се запрашале кои се тие мажи кои плаќаат за секс со жена? Неодамнешни студии го дадоа одговорот на ова прашање.

Професијата на проститутки не изумира бидејќи секогаш има нови клиенти, а најчесто тоа се деловно успешни мажи на возраст од 25 години до 34 години, покажаа неодамнешните студии.

Резултатите од истражувањата покажале дека во изминатите 5 години 3,6 проценти од мажите користеле услуга од проститутка, додека секој деветти маж тоа го направил барем еднаш во животот.

Во анонимно истражување биле опфатени над 6.000 мажи од кои повеќето биле успешни, деловни луѓе на возраст од 25 до 34 години, без постојана партнерка.

„Овие резултати ги разбиваат предрасудите за тоа дека услуги од проститутки најчесто користат постари и осамени мажи, туку напротив, тоа се помлади мажи склони на ризично однесување, како прекумерно внесување алкохол и користење дрога“, вели авторот на студијата д-р Кет Мерсер.

Покрај тоа, истражувањето покажало дека мажите кои плаќале за секс се двојно повеќе изложени да заболат од сексуално-пренослива болест. Исто така, резултатите покажале дека мажите во текот на животот во просек имаат околу 32 сексуални партнерки.

извор: Кајгана

To top