Хемијата помеѓу партнерите и вашата комбинација од емоционална и физичка привлечност е неопходна за вашиот сексуален живот да биде посреќен и поздрав.
Еве за што треба да разговарате со вашиот партнер често:
1. Фантазии и фетиши
Вашиот партнер сака да биде врзан, а вие не? Или пак ситуацијата можеби е обратна? Добро е да бидете свесни навреме за тоа за подоцна да не се изненадите. Разговорот за вашите сексуални фантазии и фетиши со партнерот ќе ви овозможи да бидете запознаени со сите важни информации и подготвени да ги дочекате можните сексуални авантури.
2. Сексуална историја и тајни
Полово преносливите болести, сексуално пореметување, историја на болести… За сето тоа треба отворено да разговарате со вашиот партнер затоа што тоа е и во ваш, но и во негов интерес.
3. Желби и потреби
Никој од нас не знае да чита мисли, а за сексуалното задоволство да биде поголемо и двајцата партнери мора да знаат што сака „тој другиот“. За да се исполни сето тоа потребно е да разговарате. Потенцијалната непријатност оставете ја настрана, седнете со партнерот и разговарајте за тоа што вие сакате, но и за тоа што тој сака.
4. Колку често треба да имате секс?
Еден од проблемите кој што често се појавува во врските е неусогласениот сексуален нагон, односно еден од партнерите без разлика дали тоа е машкото или женското, сака почесто да има сексуален однос. Овој проблем не е непознат и за него треба отворено да разговарате. И двајцата партнери мора да ги споделат своите фрустрации и чувства.
5. Омилени заеднички сексуални искуства
Доколку вие и вашиот партнер сте подолго време заедно, тогаш веќе веројатно знаете дека секој секс не е подеднакво добар. Поради тоа важно е да разговарате за искуствата кои што ви биле најдобри. Заедно присетете се на ваш фантастичен заеднички секс кој во вас ќе побуди позитивно размислување и носталгија. Покренете разговор така што партнерот ќе го изнесе вашето омилено сеќавање, а потоа од него побарајте го истото.
извор:точка.мк