Дали сте знаеле дека бакнувањето има позитивно влијание врз вашето здравје? На пример, кога ве боли глава и не сте расположени за бакнување со вашиот партнер, правите грешка бидејќи тоа ќе ви помогне да се ослободите од главоболката.
Кои се другите здравствени придобивки?
Студијата покажува дека луѓето кои се бакнуваат имаат пониско ниво на холестерол. Кога се бакнувате, вашето тело ослободува окситоцин. Овој хормон помага во ублажување на стресот. Бакнувањето исто така може да го намали и крвниот притисок.
Ќе ви се подмлади лицето
Многу мускули се вклучени во процесот на бакнувањето, а тоа го тонира вашето лице како вистински тренинг. Со помош на бакнувањето може да согорите до 26 калории, а со оглед на тоа дека бакнувањето го зголемува протокот на крв во вашето лице, може да поттикне производство на колаген и еластин, што може да помогне вашето лице да изгледа помладо.
Се ублажува главоболката
Ако ве боли главата или ве мачат менструални грчеви, можеби би било добро да се обидете да ја ублажите болката со бакнеж. Бакнувањето го намалува крвниот притисок што може да помогне во намалување на болката.
Може да ослабете
Бакнувањето го поттикнува вашето тело да произведува повеќе допамин. Ако на вашето тело му недостасува овој хормон, можеби ќе почувствувате поголема желба за храна, но допаминот го контролира вашиот апетит и го спречува дебелеењето.
Допаминот влијае врз вашето ниво на енергија. Ако имате ниско ниво на допамин, можеби ќе се чувствувате поспано и уморно, но ова може да се реши со помош на бакнувањето, пишува Bright Side.
извор:кајгана.ком