Тешко дека преку хороскопот може да донесете важни љубовни одлуки, но факт е дека искуствата ни покажуваат дека со некои од знаците имаме подобра енергија, мислиме на онаа сексуалната…
Овен – ловец кој не се плаши да експериментира
За овенот сексот претставува лов. Сакаат да ги истражуваат желбите на партнерот и имаат енергија за цела вечер. Во потрага за целосно задоволство, не се плашат да експериментираат. Во сексот сакаат да доминираат, а во врска освен еротика сакаат и умствено совпаѓање. Кај овој знак работите се одвиваат без предигра. Ги возбудува допирање на косата, бакнување во чело и во образ.
Бик – со сексот се ослободува од секојдневието
Во сексот биковите многу бараат. За нив предиграта е најважна што понекогаш може буквално да ги излуди нивните нестрпливи партнери. Биковите искажуваат многу енергична сексуалност која не познава граници. Преку сексот биковите се ослободуваат од здодевното секојдневие што ги опкружува. Биковите ги возбудува допирањето и бакнување на вратот.
Близнаците не се “робови„ на шаблони
За близнаците сексот претставува спој на телото и умот. Нивните партнери треба да се многу вешти во бакнувањето и подготвени за постојано експериментирање. Близнаците не се “робови„ на шаблони. Тие подеднакво уживаат и во секс на брзина на задното седиште во автомобил и во долга класична вечера. Колку поразлично толку подобро. Близнаците особено ги возбудуваат еротските разговори како и допирање на рацете и рамената.
Ракови – мирна вода која се претвора во екстремно страствен љубовник
Сексуалното дружење со Раковите е како нежен танц. Ако успеете да ги погодите вистинските чекори, бидете сигурни дека ќе го доживеете вистинското задоволство. Раковите пред се сексот го доживуваат како емоционално искуство. Откако ќе ги искажат своите емоции, тие се претвораат во вистински страствени љубовници. Следејќи ја својата интуиција, знаат што сака нивниот партнер и се трудат да го задоволат и да го направат среќен. Тоа што ги возбудува раковите се француските бакнежи.
Доминантните Лавови се секогаш подготвени за секс
Сексот со лавот претставува прилично диво и во исто време многу забавно искуство. Припадниците на овој огнен знак секогаш се подготвени за акција и истото го очекуваат од својот партнер. Сакаат да доминираат, но со задоволство ги прифаќаат интересните предлози на својот партнер. Уживаат кога партнерот ќе ги пофали за нивната “изведба„ а во исто време се трудат да ги исполнат нивните очекувања. Уживаат во заведување и во предигра. Ако сакате да возбудите еден Лав, започнете со бакнување по грбот и продолжете со еротска масажа.
Девица – перфекционист посветен на својот партнер
Девиците се премногу чувствителни и нежни љубовници. За нив многу е важно да му пружат задоволство на својот партнер. Девиците се големи перфекционисти кои се се обидуваат да ги исполнат своите сексуални фантазии преку најситните детали. Припадниците на овој знак се многу срамежливи и тешко ги искажуваат своите скриени желби. За да возбудите една Девица, битно е да знаете дека нивните ерогени зони се наоѓаат во прделот на стомакот.
Вагите обожаваат во заведување и во вешта предигра
Како и кај сите воздушни знаци, така и кај Вагата центарот на сексуалноста се наоѓа во нивната глава. Иако во јавноста се однесуваат многу пристојно, сексот со нив може да биде навистина диво искуство. Бараат посветени и вешти партнери кои со сигурност ќе ги задоволат нивните потреби за врвно задоволство. Вагите обожаваат да заведуваат и притоа големо внимание посветуваат на предиграта. Нивните ерогени зони се наоѓаат во долниот предел на грбот.
Либидото на креативната Шкорпија не познава граници
Знакот Шкорпија во астрологијата со текот на времето стана синоним за квалитетен секс. Припадниците на овој знак се надалеку познати по нивното хиперактивно либидо. Во секоја ситуација подготвени се на својот партнер да му пружат вистинско задоволство, но исто така имаат потреба од нежност. Шкорпиите обожаваат да смислуваат нови кореографии и кај нив се мора да биде над просек. Нивните ерогени зони лесно може да се најдат затоашто се наоѓаат во пределот кај половиот орган.
Стрелецот се возбудува со допир на колковите
Помеѓу огнените знаци Стрелецот е предводник кога станува збор за сексуалноста. За припадниците на овој знак, сексот пред се е добра забава и многу страсно искуство кое нема никаква врска со емоции. Со други зборови, Стрелците во секоја минута се подготвени за акција. Воопшто не се срамежливи и настојуваат во сексуалната игра да внесат разноликост. Стрелците најмногу ги возбудува допирот по бутовите и колковите.
Доприме по колената – сепак сум Јарец
Иако на прв поглед изгледаат срамежливо и ладно, Јарците се сметаат за најстраствените и сексуално најактивните љубовници. Тие многу лесно се возбудуваат притоа нивната страст ја пренесуваат на своите партнери. Тие се стабилни и пред се посветени љубовници кои се грижат за потребите на нивниот партнер. Бакнувањето по колената може многу да ги возбуди.
Водолиите со сексот ги поврзуваат умот и телото
За водолиите сексот не е само страст и забава, туку пред се тоа е начин преку кој својот ум го поврзуваат сос рцето. Најсреќни се кога при водење љубов со својот партнер можат исто така да разменат мислење. Водолиите се љубопитни и тоа ги наведува на постојано експериментирање. Се трудат да бидат искрени и тоа го бараат и од својот партнер. Кога се опуштени тие едноставно уживаат а на нивната имагинација и нема крај.
Срамежливоста на Рибите исчезнува во спалната соба
За Рибите сексот е длабоко поврзан со емоциите. Припадниците на овој воден знак се многу сензуални и креативни љубовници. Своите скриени фантазии ги покажуваат во кревет кој станува место на најчудесните игри. Рибите се најсреќни кога ќе го направат среќен нивниот партнер. Ерогените зони кај Рибите се наоѓаат во пределот на стапалата.
извор: акцент