Љубовниот живот на српската пејачка Каја Остојиќ отсекогаш бил во центарот на вниманието на јавноста, имајќи предвид дека бил бурен и дека се развела трипати.
Пејачката стапи во прв брак на само 19 години, со Никола Драгојловиќ, кој важеше за опасно момче и кој беше уапсен за поседување недозволени материи и напади врз службено лице.
– Имав вистинска традиционална српска свадба. Хотел Југославија, тројца музичари, тогаш бев бремена, па не можев да пеам многу. Бев ограничена, не бев најсреќната невеста затоа што ништо не ми чинеше – изјави еднаш Каја за „Блиц.рс“ по повод нејзината прва венчавка.
Вториот сопруг на Каја, беше кошаркарот Урош Дувњак, додека таа влезе во третиот брак со познатиот музички продуцент Џуниор Џек, од кого исто така се раздели. Во моментов се забавува со фудбалерот Мате Павловиќ.
Дали ќе и се посреќи од четврта, останува да видиме…