Пејачот Аца Лукас ќе мора да плати казна од 60.000 динари затоа што управуваше со автомобил под дејство на алкохол, а дополнително ќе добие 14 казнени поени, како и седуммесечна забрана за управување со моторно возило.
Оваа одлука ја донесе судијата за прекршоци денес, пишува „Курир.рс“.
Да потсетиме, Аца Лукас одбил да направи алко-тест кога беше запрен од полицијата во Бањица, а потоа избега.
View this post on Instagram
Органите за спроведување на законот веднаш ги информираа сите патроли за овој инцидент и Лукас беше брзо лоциран и запрен на територијата на Раковица. Потоа бил однесен во полициската станица во Палилула, каде било утврдено дека имал 0,95 промили алкохол во крвта.
– Тука нема ништо спорно. Ме пуштија, повеќе не сум во полиција. Пиев малку повеќе алкохол и тие ме уапсија. Како и секој друг граѓанин, јас бев одговорен за своите постапки. Сега сè е во ред – изјави Аца за „Блиц“ по инцидентот.