Љубов и Секс

Дали зимата може да ви ја убие желбата за секс?

Дали зимата може да ви ја убие желбата за секс?

Секоја временска сезона има различно влијание врз желбата за секс кај партнерите. Дали ќе посакате да легнете под ќебе и да се стиснете до вашиот партнер или пак е премногу топло дури и да го допрете, сепак е предодредено од надворешните временски услови.

Нормалната температура на човекот е околу 37 степени целзиусови, и секоја температура над оптималното предизвикува потење, а потта ја убива желбата за секс. Исто така, многу ниските зимни температури, го доведуваат телото во ладна хибернација и едноставно ви е премногу ладно за да земете предвид разменување нежности.

Зошто желбата за секс се намалува за време на есента и зимата?

Есента пристигна, а вие се помалку сакате да се галите со вашиот партнер низ креветот. Главната причина за ова е помалата изложеност на сонце, што води кон намалена продукција на серотонин, хормонот на среќата кој го поттикнува либидото кај мажите и жените. Серотонинот е на некој начин гориво за желбата за секс, а неговиот левел е најнизок во ладните месеци од годината. Тој е заменет со мелатонин, кој пак е делува сосема спротивно од серотонинот.

Промените во времето и наведените невротрасмитери (хормони) имаат огромно влијание на некои поединци, но причината поради намалена или изгубена желба за секс може да биде и од психолошка природа. Затоа, доколку наеднаш ја изгубите потребата за секс, пропратена со преголема потреба за сон, зголемена желба за благо, депресија и дебелеење…може да биде знак за Сезонско Афективно Нарушување (Seasonal Affecive Disorder) SAD. Консултирајте се со специјалист за да ви ја утврди дијагнозата и ви помогне со соодветна терапија. Сепак, тоа е состојба која лесно се третира, може да се појави во било која сезона и кај секој. Одредени поединци се повеќе подлежни на промени во сексуалниот апетит и за време на летните месеци.

Причини за поголема желба за секс во пролет и лето

Повторно се враќаме на главната причина: хормоните! И покрај убавото чувство на полетност штом времето ќе запролети, има еден хормон кој особено ја тригира желбата за секс кај жените. Хормон познат под името MSH (Меланоцит стимулирачки хормон) се лачи кога телото е изложено на сонце и значително ја поттикнува работата на половите жлезди. МСХ е директно поврзан со регулација на синтезата на меланин, кој пак е одговорен за потемнувањето на кожата во лето. Кај двата пола, хормонот за среќа серотонин, најмногу се произведува во мозокот за време на пролетта и летото. Многу истражувања докажале дека за време на сончевите денови продукцијата на серотонин се зголемува. Токму затоа најмногу ви текнува на секс со самиот почеток на пролетта.

извор:нетпрес.ком.мк

To top