Жени на Твитер споделиле изјави од своите партнери кои ги шокирале и ги забавувале оние кои ги прочитале.
Повеќето се поврзани со женската анатомија и ‘оние денови во месецот’.
Мора да признаеме дека барем се комични!
1. Штотуку бев на состанок со момче кое мислеше дека менструацијата трае цел месец. Тој има 28 години. Во ред, вистина е дека секој човек на светот не може да знае сè, но возрасна личност, па дури и маж, би требало да знае дека менструацијата трае од 3 до 7 денови во месецот, бидејќи ако трае цел месец, тогаш веројатно жените цел живот би имале менструација.
2. Еднаш слушнав дека едно момче рече дека жените можат да имаат менструација додека се бремени и дека жената може да добие само на почетокот или на крајот од месецот, никогаш на средина.
3. Бев во врска две и пол години кога момчето ми рече дека мислело дека не можам да мокрам додека имам тампон, бидејќи сето тоа излеува од истата ‘дупка’. Во тоа време имаше 21 или 22 години.
4. Знам некој кој мислеше дека жената додека е бремена може да забремени уште еднаш, дека може да биде бремена со повеќе деца одеднаш. Тој е сега во брак и има деца. Се прашувам дали некогаш ја сфати својата грешка?
5. Еднаш момчето ме праша дали поминувам низ менопауза кога му реков дека сум во ПМС… Тој тогаш имаше 19 години.
6. Мојот поранешен сопруг мислеше дека менопаузата значи дека матката ти излегува надвор. Тој има 50 години!
7. Мојот поранешен сопруг сериозно мислеше во своите рани 20-ти години дека жените имаат помал број ребра од мажите.
извор:кармин/точка.ком.мк