Долги години се веруваше дека хормонот пролактин е причината поради која што мажите треба да чекаат одредено време по оргазмот за повторно да имаат сексуален однос.
Без оглед на тоа што нивната желба за секс е голема, ретко кој од мажите може да доживее оргазам неколку пати по ред без пауза, но очигледно дека причината за тоа е друга.
Времето кое што е потребно за одмор се разликува од маж до маж, па така кај 18-годишните момчиња може да станува збор за пауза од само 15 минути, додека пак кај повозрасните мажи тоа може да се одложи и на 20 часа.
Истражувањето спроведено во 2013-та година сугерирало дека високото ниво на пролактин е поврзано со еректилната дисфункција и нискиот полов нагон.
Меѓутоа, научници од Португалија неодамна спровеле низа експерименти на глувците и откриле дека ниту зголемувањето ниту намалувањето на нивото на хормонот пролактин не влијае на намалувањето на либидото кај мажите.
Не успеале да дојдат до одговорот која е вистинската причина за тоа, но постојат неколку алтернативни теории кои што се сметаат за „виновници“, а тоа може да бидат сератонинот и допаминот.
Иако сè уште не постојат конкретни докази, научниците се согласни дека на падот на либидото најмногу можат да влијаат и консумирањето на различните лекови.
фото:точка.ком.мк