Истражувањата покажуваат дека за време на празниците се здебелуваме од половина до шест килограми, а и дека повеќето „заработуваат“ маснотии во крвта.
Неумереноста во јадење и пиење, намалената физичка активност, премалку или премногу сон се фактори кои влијаат на зголемување на телесната тежина, а со тоа доаѓаат и здравствените проблеми.
Затоа експертите советуваат претпазливост, додавајќи дека релаксацијата во празничните денови е добредојдена, но не и претерана. За подоцна да не се каете, на време водете сметка.
Советот на нутриционистите е да се обидете да се контролирате, така што не се откажувајте од оброците, но распоредете ги на помали порции.
Затоа, земете сè што ви се допаѓа од трпезата, но по малку и одеднаш, бидејќи земањето едно по едно може да биде опасно, затоа што нема да знаете колку сте јаделе.
Исечете ја храната на мали парчиња и џвакајте ги што е можно подолго. Пред тоа, испијте чаша вода со неколку капки сок од лимон, бидејќи тој влијае на распаѓање на маснотиите.
Помеѓу оброкот и тортата направете простор од најмалку еден час, а потоа испијте едно кафе, бидејќи го забрзува варењето. Ако ви се чини дека “сте во криза” и дека мора нешто да каснете во меѓувреме, тоа нека бидат свежи ротквици, зелка или агруми, а не чипсови и други нездрави грицки.
И потрудете се секој ден да шетате барем 20 минути, без оглед на временските услови.
извор: денар.мк