Интелигентните луѓе размислуваат поинаку, но имаат и поинаква смисла за хумор за разлика од другите луѓе. Освен тоа, имаат различни интереси, размислуваат зрело и имаат добра меморија. Ова е проклетство и благослов во исто време, особено кога станува збор за љубовна врска.
Овие нивни квалитети ги спречуваат да се препуштат и да се вљубат бидејќи премногу размислуваат.
Преиспитуваат сè
Ова не е изненадување – интелигентните луѓе постојано размислуваат за работите што им се случуваат. Нивниот мозок е активен, а тоа значи дека го набљудуваат и анализираат однесувањето на другите луѓе. Затоа треба да научат да го слушаат срцето и да ги следат нивните чувства, а помалку да го преиспитуваат партнерот.
Имаат одговор за сè
Паметните луѓе имаат одговор за сè – го споделуваат нивното мислење кога никој не ги прашува. Ваквиот начин на размислување не може да им користи во врската бидејќи тие сакаат партнер кој ќе биде ист како нив.
Врската ја гледаат како наука. Ги анализираат постапките на партнерот, а многу често се обидуваат да ги предвидат нeговите чекори и да разберат што планира нивниот партнер наместо да уживаат во сегашниот миг.
Се сеќаваат на секој детаљ
Не се обидувајте да ги излажете бидејќи имаат слоновска меморија. Ќе го запомнат секој детаљ и ќе го искористат против вас кога ќе се расправате. Треба да внимаваат бидејќи повторувањето на старите грешки може да доведе до криза во врската.
извор: кајгана