Ширум светот, семејното насилство е во пораст, а според статистиките, тоа е особено зголемено сега за време на пандемијата, кога за време на воведените карантини, жените беа и се приморани да бидат затворени дома заедно со нивните партнери.
Иако не е исклучено насилството и врз мажите од страна на нивните партнерки, сепак драстично поголем е бројот на жени – жртви на семејно насилство т.е во бракот или во самата љубовна врска. Затоа од голема важност е понекогаш навремено да се реагира со тоа што нема да ги игнорирате знаците кои партнерот ги манифестира на почетокот на една врска или пак, брак.
Според психолозите, следните 4 знаци може да откријат дека вашиот партнер е потенцијален насилник!
Рани знаци на потенцијален насилник
Го проверува вашиот телефон или социјалните мрежи
Ви забранува да одите кај вашите родители и да се дружите со вашите пријатели
„Не ни требаат повеќе пари“ – ве брани или ви предлага да не ја прифатите работата или ви кажува да се откажете.
„Ќе направиме сè заедно“ – Сите ваши активности се заеднички, не одите никаде сами.
Кои се првите знаци на насилство?
Зголемената тензија меѓу партнерите може да биде знак на меѓусебни проблеми, но и увертира во насилство. Ако забележите дека вашиот партнер ви пререкува, укорува или ве проверува почесто, и ништо не се промени со текот на времето- тоа може да биде алармантен сигнал.
Улогата на спасувачите е еден од алармите за насилство, велат психолозите. Важно е жената да не влегува во врска во која не е еднаква и да не ужива во чувството дека некој ја спасил кога се чувствува лошо.
„Често им се случува на жени кои претрпеле одредена траума – смрт во семејството, ненадејно прекинување на претходната врска или преселување. Ако маж влезе во нивниот живот во тој момент и веднаш понуди да ги реши сите проблеми, треба да бидат внимателни.
Статистичките податоци покажуваат дека насилниците можат да бидат мажи од која било професија, ниво на образование, финансиска состојба, националност. Најчесто, насилниците не можат да се препознаат затоа што се прифатени во нивното машко или професионално општество.
извор: Нане