Најдобриот извор за брачни совети секако дека се адвокатите за разводи, оние кои што ги набљудуваат љубовните односи, но и ги слушаат причините за брачните бродоломи.
Со оглед на тоа што поголемиот дел од луѓето во брак влегуваат поради љубов, вистинска штета е да се занемарува таквиот однос.
Во продолжение прочитајте ги советите од адвокатите, за тоа како да го сочувате вашиот брак:
1. Клучот е во толеранцијата
Можете ли да ги толерирате и поднесете „бубачките“ на вашиот партнер? Не влегувајте во брак мислејќи дека таквото однесување е неподносливо или пак дека ќе се трудите да го смените кај вашиот партнер.
2. Обидете се да верувате во добро
За жал кај поголемиот дел oд паровите кои што поминуваат низ процесот на развод тие настојуваат на својот партнер да му ги препишат најлошите потези или пак однесување.
3. Партнерот треба да биде поголем приоритет од децата
Ова можеби не е популарен совет, особено за оние кои што се родители, но е една од причините поради која шт поголем дел од браковите се распаднале.
4. Понекогаш „нахранете го“ егото на вашиот пртнер
Колку и да звучи тоа лудо, партнерот сака да се чувствува привлечно, духовито, паметно, убаво и посакувано. Луѓето во брак најчесто изневеруваат кога не добиваат доволно внимание од својот партнер.
5. Не чекајте го последниот момент да гo поправите бракот
Работете на вашиот брак додека се уште е добар затоа што подоцна може да биде прекасно, а штетата огромна – да се изгуби довербата, надежта и желбата.
6. Кога дебатирате за важни работи – важен е и моментот
Кај носењето важни одлуки клучно е тоа да го правите во вистински момент, додека партнерот се чувствува добро, а не на пример доколку е нервозен.
7. Треба да знаете дека не можете да го замените партнерот
Голем број од луѓето имаат потреба да го сменат својот партнер мислејќи дека тоа е правилната одлука, а во тоа предност имаат жените. Но, токму тоа е смислата на бракот – да живеете со некој кој ви се допаѓа таков каков што е.
8. Љубовта се сведува на мали работи
Иако за бракот е потребен труд, добриот брак го заслужува тоа. Убави зборови, допири, поддршка, насмевка, одржување на љубовта.
9. Комуникацијата е темел на секаков здрав однос
Лошата комуникација секогаш на крајот завршува со развод, а со неа може да се дојде и до лош секс, неискажување емоции, финансиски проблеми.
10. Активно слушање
Слушањето еден на друг секогаш треба да биде тука, па дури и кога сте во некаков конфликт. Обидете се да го разберете партнерот и неговото мислење, па дури и доколку не се согласувате во одредени работи.
извор: точка.мк