Радио Милева Караници и солзи

Испливаа детали во јавност: Ким и Канје пред развод, а ова е главната причина

Испливаа детали во јавност: Ким и Канје пред развод, а ова е главната причина

За време на нивниот шестгодишен брак, врската помеѓу Канје Вест и Ким Кардашијан беше сè освен вообичаена. Сепак, по тешките проблеми летово, двајцата решија да се посветат на својот индивидуален начин на живот, поради што сега живеат одделно.

Според извор близок до Кардашијанс, многу има врска со фактот дека и двајцата се насочени кон воспитување на своите четири деца: ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм. Плус, како што опишува инсајдерот, двојката сака приоритет да му се даде на сопственото време, наместо на заедничкото.

– Ким и Канје се посветени на лични работи и поминуваат многу време одвоено – рекол изворот за „Е!“ , додавајќи дека тие се „фокусирани на работите што им се важни“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

– Ким си го прави своето, а Канје го прави своето. Таа веќе не управува со она што го прави Канје и не се меша во неговите одлуки, но не се грижи премногу за тоа. Нека оди и нека биде тоа што е. Едноставно, тоа е начинот на кој живеат – истакнува изворот.

Иако парот можеби не е физички заедно толку често, изворот забележува:

– Тие се уште се семејство и се собираат поради децата. Затоа тие ќе го поминат Божиќ заедно, и иако прославата нема да биде како претходните години, тие ќе се соберат како семејство и ќе направат сè за да бидат заедно сите како сè да е во најдобар ред.

Да потсетиме, бракот на Ким и Канје беше на разнишан терен уште од минатата пролет кога раперот реши да се кандидира за претседател на Соединетите држави. Потоа изнесе интимни детали од бракот со Ким, за што таа особено му забележа. Тие биле фотографирани и како се расправаат во автомобилот додека Ким плачела, а во едно интервју објасниле колку и е тешко да живее со Канје, бидејќи страда од биполарно растројство и честопати има свои темни моменти.

To top