Студија објавена во Evolution and Human Behavior откри интересни податоци за тоа што навистина мислат мажите за женските гради.
Според резултатите, на мажите им е многу поважен обликот, односно цврстината на женските гради отколку нивната големина.
И додека жените се грижат дали нивните гради се премали или преголеми, одговорот на нивното прашање е поинаков. Мажите сакаат цврсти гради, а кога станува збор за големината, мислењата се поделени.
Истражувањето е спроведено со помош на повеќе од 267 мажи од Бразил, Камерун, Чешка и Намибија, на кои им биле прикажани фотографии од различни типови женски гради. Нивата задача била да оценат кои се најубави.
Сите се сложиле дека најмногу им се допаѓаат цврсти гради, а за големината мислењата се поделени. Мажите од Бразил, Чешка и Намибија најмногу сакаат гради со средна величина, додека оние од Камерун сакаат поголеми.
„Забележавме дека во различни култури постои една константа, а тоа е дека мажите преферираат поцврсти гради, карактеристични за помлади жени. Во повеќето
земји најпопуларни се градите со средна големина“, вели Јан Хавличек од Универзитетот во Прага.
Научниците во оваа студија големината на градите ја нарекоа „маркер за потенцијална плодност“, додека нивната цврстина „маркер за преостаната плодност“, пренесе PsyPost.
извор: Кајгана