Пред да се впуштите во врска, размислете дали вашиот избраник е „припадник“ на некоја од овие категории на мажи и колку врската со некој таков партнер би била доволна за да бидете среќна.
Маж кој не може да верува дека сте го избрале него
На самиот почеток, можеби е забавно да се слушне неговото чудење за тоа зошто сте го одбрале токму него. Сепак, со тек на време тоа драстично ќе се промени и неговата несигурност ќе ви стане иритантна и нималку привлечна.
Мажи зависни од мајката
Убаво е кога еден маж го зема предвид и го почитува она што неговата мајка го советува, но зависноста од родителите може да се претоври во напорно искуство за вас. Ако тој не може да донесе одлука без да се консултира со мама, размилете за вашата улога во врската, особено ако имате некои долгорочни планови со него.
Маж кој сака да ве спаси
Мажите сакаат да изигруваат суперхерои кои спасуваат ранливи дами. Но, после извесно време, ќе сфатите дека не сакате да бидете со личност која не е доволно самоуверена за своите одлуки и не ја почитува доволно вашата независна страна.
Маж зависен од забави
Паровите имаат потреба од приватност, но постојат мажи кои постојано сакаат да излегуваат и да бидат во друштво на пријателите. А во една таква псотавеност, вие често можете да завршите како повредената страна.
Маж кој ги чува пријателите подалеку од вас
Мажи кои не сакаат да ве запознаат со нивните блиски пријатели дефинитивно не се подготвени за обврски.
Маж кој е ненаситен за комплименти
Ваквите типови мажи не може да се заситат од комплименти и пофалби. Опасноста од врските со вакви мажи е што се подготвени да направат сè за да го добијат она што го сакаат – дури и ако тоа значи дека треба да побараат „признание“ кај некоја друга жена.