Љубов и Секс

Експерти за говор на тело: По овие 6 знаци може да препознаете дали вашиот партнер ве изневерува

Експерти за говор на тело: По овие 6 знаци може да препознаете дали вашиот партнер ве изневерува

Се сомневате дека партнерот ве изневерува? Експертите за говор на тело откриваат кои се знаците по кои што може да препознаете дека тоа навистина се случува, пренесува „The Sun“.

„Доколку имате чувство дека партнерот ве изневерува, веројатно тоа се случува“, вели Џуди Џејмс.

„Зошто? Па вашиот мозок секогаш ќе улови суптилни мамки, гестови и зборови поради кои што може да почувствувате дека нешто не е во ред“.

Изглед

„Мажите во новата врска посветуваат многу повеќе време на својот изглед. Често може да го видите како поминува време во теретана или пак нега на лицето“.

Мимикрија

“Новата врска исто така вклучува и интензивна мимикрија, особено доколку е заљубен во другата личност, што значи дека ќе има нови гестови и изрази на своето лице“.

Излив на бес

Џејмс вели дека не треба секогаш да очекувате знаци од партнерот кој што изневерува… Но, сепак изливот на емоции укажува на неговото неверство.

Паметен телефон

Паметниот телефон е клучен алат на луѓето кои што изневеруваат, редовно го проверуваат, постојано испраќаат пораки, ви го земаат веднаш доколку е во вашите раце.

Предигра

Не е вистина дека оние кои што изневеруваат сакаат помалку секс, затоа што нивното либидо ќе порасне поради аферите со своите љубовници, но недостатокот на предигра може да укажува на тоа.

Избегнување контакт со очите

Длабокиот и долготраен контакт со очите помага во продлабочување на емоционалниот однос, а токму тоа оние кои што изневеруваат го избегнуваат, велат експертите.

Извор: точка.мк

To top