Предиграта е неправедно запоставен дел од сексуалниот чин, токму таа е клучна за совршен секс. На многу луѓе, особено на жените, им е потребна долга подготовка за пенетрација која максимално ќе ги возбуди.
Инспирирајте се од овие луди секси идеи и трикови за предигра и овозможете си секс од соништата. Освен што ќе ја разбудите страста во вас, ќе се мотивирате за понатамошно истражување на сопствената сексуалност.
1. Дискретно провоцирајте го партнерот во јавност
Сексуалната возбуда и игра во јавност не значи нужно дека треба да имате секс на јавно место. Доволно е да го провоцирате партнерот и да внимавате никој да не ве види. Допирајте се под масата или гледајте се сензуално, дури и најневиниот допир може да стане возбудлив.
2. Предигра пред огледало
Ако немате огледало во спалната соба, тогаш набавете си. Многу ќе ви се најде за жешка предигра во која ќе уживате и двајцата. Вашиот партнер нека застане пред огледалото, а вие појавете се и заведувајте го така што ќе го гледате неговиот одраз во огледалото. Клекнете на колена и пружете му орален секс додека тој го гледа сето тоа. Бидете сигурни дека долго ќе го памети тоа доживување.
3. Истражете ги ерогените зони
Машкиот стомак е многу чувствителен, особено во пределот на папокот до препоните. Минете нежно низ таа зона со прстите или со јазикот и чекајте тој да се возбуди. Немојте да заборавите дека оние делови од телото кои немаат врска со сексот можат да бидат многу чувствителни.
4. Орален секс со меурчиња
Отворете пенлив пијалак и напијте се голтка од него, а потоа пружете му орален секс додека во устата ви избиваат меурчиња. Тоа ќе создаде незаборавна сензација на неговиот пенис.
Сличен ефект може да постигнете и со коцка лед со која ќе минувате по неговото тело додека не се стопи.
извор: Курир.мк