Ѕвездата на Гранд, Слоба Васиќ има бројни љубовни бури зад себе, а како што изгледа, тој конечно ја најде својата среќа со поранешната мисица Лела Карагиќ.
Имено, Васиќ со години беше во врска со ќерката на Топалко, Хелена, но врската пропадна и секој продолжи по својот пат. После тоа, пејачот се ожени, но по помалку од еден месец, тој реши да стави крај на тој брак.
View this post on Instagram
Слоба и Соња одлучија да се разведат само дваесет дена откако си ветија вечна љубов пред Бога, а причината е, наводно, дека пејачот не сакал да се откаже од својот ергенски живот.
До помирување на поранешните сопружници не дојде, а сега Слоба гордо откри дека ќе стане татко и дека со поранешната мисица и ќе има дете.