Доколку почнете да губите интерес за секс или не сте расположени за малку акција, виновниците за тоа може да бидат од физиолошка и психолошка природа, тврдат научници од Универзитетот во Калифорнија.
Тие спровеле истражување во кое учествувале 128 испитаници, одговарајќи на прашања што е тоа што ја убива нивната желба за секс. Крајниот заклучок е дека комуницирањето и размената на нежности има најважна улога во такви ситуации.
Резултатите покажале дека големо влијание за губење интерес за секс активности имаат стресот, нерасчистените ситуации, алкохолот, родителството, употребата на лекови, премалку сон и слично.
Иако по многу нешта се разликуваат, за тоа дека некои работи автоматски ја убиваат желбата за секс се слагаат и мажите и жените.
Еве за кои работи станува збор:
1. Лоша хигиена
Лошиот мирис на телото и на здивот влијае на сексуалниот живот, а недостатокот на хигиена автоматски може да ја убие желбата за секс.
2. Неактивност
Ако сте во искушение сета работа да ја оставите на партнерот, немојте тоа да го правите. Може да играте некоја секси игра во која само еден презема иницијатива и е доминантен, но сето тоа е работа на договор
3. Премногу грубост
Океј, може да се заборавите малку во моменти на страст, но немојте да играте груба игра бидејќи не секој сака таква забава.
4. Чудна долна облека
Да, облеката може да ја запали страста, но и да ја уништи. Дефинитивно сте најсекси без облека, но ако веќе заведувате со секси долна облека потрудете се таа да асоцира на страст.
5. Нападност
Едно е да се биде самоуверен, а сосема друго е да се биде нападен. Претераното шефување во спалната соба не е баш стимулативно, никој не сака нападни луѓе, без разлика колку и да изгледа тоа секси некому.
извор: Кајгана