Обично црвено вино и фолија може да ви помогнат во борбата против целулитот. Направете десет третмани и вашата линија може значително да се подобри.
1. третман
Состојки:
200 гр бела глина,
100 мл црвено вино,
100 мл маслиново масло
2. третман
Состојки:
100 мл маслиново масло,
100 мл црвено вино,
300 гр мед
3. третман
Состојки:
50 мл црвено вино,
10 капки есенцијално масло од портокал,
100 гр мелен ѓумбир.
Апликација за сите три третмани
Измијте ја кожата, а потоа нанесете ја смесата и истријте ја на проблематичните области. Замотајте ги подмачканите области во фолија, покријте ги и легнете 40 минути. Потоа истуширајте се со ладна вода и нанесете крем против целулит. Изберете еден третман кој најмногу ви одговара или измешајте ги, но важно е да направите вкупно 10 по ред. Забелешка Ако се загреете премногу, откријте се и завршете го третманот 20 минути порано.
Контраиндикации
Овие третмани не треба да ги користат бремени жени, како и луѓе кои страдаат од алергии на овие состојки или имаат кожна болест.
извор:попара.мк