Наталија живееше заедно со Алекс повеќе од 10 години и тие за многумина беа пар од соништата и љубов за пример. По толку долго време, двајцата одлучија дека е време нивната љубов да ја крунисаат со брак, а по тој повод направија и свадба.
Свадбата беше голема, скапа и едноставно прекрасна, но еден неочекуван момент промени сè. Во еден момент Алекс исчезна, при што Наталија отиде надвор да го побара бидејќи се наближуваше моментот на сечење на свадбената торта.
Минувајќи покрај дворот на свадбената сала, Наталија го забележа Алекс како недалеку стои до паркираните возила и разговара со нејзиниот татко. Токму во тој момент, Алекс, незабележувајќи ја неговата сопруга, му призна на нејзиниот татко дека одамна веќе немал чувства кон Наталија и дека сега всушност друга жена влегла во неговото срце и тоа сестрата на Наталија.
Таткото го посоветува дека и тој пред да стапи во брак се двоумел и се сомневал во неговите чувства, но и дека сега е среќен со сопругата бидејќи навреме ја направил правилната одлука.
Слушајќи го сето тоа, Наталија не издржа и со солзи во очите избега од сопствената свадба. По настанот, таа го прекина контактот и со нејзината сестра и Алекс. Таа беше решена дури и да избега од државата, но еден ден на вратата се појави нејзиниот татко и побара да разговараат. Тој ја раскажа приказната како самиот тој не бил сигурен во неговите чувства и исто така се заљубил во сестрата на неговата сакана.
Откако го ислуша нејзиниот татко, Наталија сепак ја виде смислата на неговите зборови и конечно успеа да им прости на нејзината сестра и поранешниот сопруг.
извор: нане