На почетокот на септември во српските медиуми се пишуваше дека пејачот Бане Мојиќевиќ се разведе од сопругата. Сега, за прв пат, тој реши отворено да разговара за причината за нивната разделба, како и за кризата на сцената, за која зборуваат многу пејачи.
– Последниве години сериозно размислував за финансиите. Јас сум мирен, немам причина за стрес и грижа. Немам навика многу да купувам, живеам сосема нормално, најголемите пари ги оставам во кафулето – рече Мојиќевиќ во емисијата „Премиера“.
Бане признава дека разводот го смета за најголем пораз.
– Не ја изгубив сопругата поради кафаеани. Сега сум слободен, и тоа нема никаква врска со емотивниот статус, статусот е потврден бесплатно. Ја изгубив поради недоразбирање и слаба комуникација, од двете страни. Дефинитивно, тоа е најголемиот пораз што некогаш сум го доживеал. Јас се обидов неколку пати во последниве години да ја зачувам заедницата, но ова е најдобрата одлука, што ќе се покаже во наредниот период. Сега сме во коректен однос, комуницираме за прашања за децата и тоа е единствената важна работа – заклучи пејачот.