Романтичните филмови и книги, трогателните објави на социјалните мрежи и слично се карактеризираат со идеализирање на љубовта и врските. Голем број луѓе веруваат дека во светот постои личност која им е судена токму ним. Но, дали поимот „сродна душа“ може да биде потенцијално опасен?
Професорот по психологија Гери Левандовски вели дека може, бидејќи кај многумина тој содржи и перфекционизам, а совршеноста во врските долгорочно е неиздржлива.
„Доколку загрижено верувате во сродни души, вашата врска има помали шанси да успее бидејќи мислите дека сè треба до оди лесно и да биде совршено. За здрава врска е битно решавањето проблеми и конфликти, за да учите од вашите грешки“, вели Левандовски.
Луѓето кои постојано бараа совршена врска на крај завршуваат во маѓепсан круг од кој тешко наоѓаат излез, бидејќи не сакаат да ги менуваат своите уверувања.
Наместо да го барате оној вистинскиот за вас, почнете да трагате по врска која е искрена, здрава и реална.
1. Направете список
Рамани Дурвасула, психолог од Калифорнија, советува на хартија да ги напишете квалитетите кои се приоритет кај партнерот.
Таа вели дека на овој начин може да дознаете по
ќе за себе, но и да бидете реални со очекувањата, да се фокусирате на најважните карактеристики.
Сочувајте го тој лист и ѕиркајте во него кога ќе почнете нова врска, за да процените колку од вашите очекувања личноста ги исполнува.
2. Набљудувајте ги врските околу вас
За да имате најдобра перцепција за врските и за тоа какви се навистина односите меѓу паровите, набљудувајте ги блиските.
Ќе сфатите дека ниту една врска не е совршена и дека секоја има подеми и падови. Интернетот може да ве доведе до заблуда, не се лажете од трогателните објави на Instagram и на Facebook, туку најдете ја вистината во реалниот свет.
3. Вложувајте во себе
За да придонесете во здрава и посветена врска првин мора да бидете на чисто со себеси. Дурвасула вели дека најдобар период да најдете партнер е тогаш кога сте 100 проценти задоволни на сите други полиња во животот.
Затоа, работете на себе, на кариерата и на тоа што мислете дека е важно. Кога сте задоволни со себеси, ќе бидете многу позадоволни и среќни во врската.
извор: Kajгана