Минатогодишната победничка на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ, ги откри своите планови за во иднина, што сигурно ќе ги разочара нејзините обожаватели.
Имено, како што рече Џејла во емисијата „150 минути“, таа планира да го напушти родниот град Горажде, да замине во странство каде ќе се запише на Економскиот факултет.
– Учењето сепак ќе биде приоритет во однос на пеењето. Тоа е нешто што ќе го одреди мојот живот. Пеењето произлезе од мојата желба, но мислам дека прво треба да видам што да правам со образованието, а по завршувањето на четвртата година од средното училиште, веќе ги избирам градовите каде што би можела да одам и да го продолжам образованието.
Сепак, како што рече, Рамовиќ се надева дека ќе има време да работи, да снима и да пее, не толку како порано, но секако дека е нејзина желба да продолжи да биде присутна на сцената.