Ви претставуваме неколку научни факти за љубовта.
Љубовта не е само страст и желба
Иако физичката привлечност е важна за сите нас, љубовта не се базира на тоа. Ова е една од причините зошто сексот за една вечер ретко завршува во сериозна врска. Скенирањето на мозокот покажа дека страста се манифестира во подрачјето задолжено за награди, а чувството на љубов е поврзано со делот кој се грижи за емпатијата и грижата.
Љубовта не е само во твојата глава
Голем број истражувања покажуваат дека љубовната поврзаност е од суштинско значење за долготрајното ментално здравје. Осаменоста и недостатокот на пријатели докажано го скратуваат животот, исто како цигарите. Повеќе придобивки од бракот имаат мажите: бракот на нив им го продолжува животот и им го чува срцето!
Дали верувате во љубов на прв поглед?
Дали знаете дека повеќе од 40 проценти од луѓето веруваат во тоа? Па, факт е дека тие веруваат, а факт е дека уште толку велат дека на тој начин го запознале нивниот сегашен партнер.