Би било убаво секој секс да биде спонтан, без да треба да се подготвувате за тоа. Но, вистината е дека скоро секоја жена треба да ги извршува своите мали ритуали пред да започне сексуален однос. Еве осум работи што жените најчесто ги прават пред сексот.
1. Носење спарена долна облека. Градник и гаќички што ѝ прилегаат на жената ќе ја направат посамоуверена кога ќе се соблече.
2. Тие се депилираат. Несаканите влакна се една од најголемите причини зошто жените одбиваат секс со своите сопрузи или момчиња.
3. Подготвуваат романтична и секси музика. Ако момчето со кое се гледаат дојде да ја посети куќата, ќе се погрижат дека во позадина свири сензуална музика што буди страсти.
4. Внимаваат што јадат цел ден. Доколку ги чека „акција“ навечер, избегнуваат храна што ги надува и предизвикува гасови.
5. Провереуваат дали мирисаат убаво. Мирисајќи ги пазувите додека се соблекуваат, без притоа партнерот да забележи дека го прават тоа, жените тоа го имаат извежбано до совршенство.
6. Се освежуваат таму долу. Тие користат освежителни марамчиња, спрејови… Но, најздравото би било лесно да се измие поради чувствителноста на женските интимни делови.
7. Тие се прашуваат дали пиеле апчиња за контрацепција. И, во умовите на најпрецизните жени кои внимаваат на сè непосредно пред сексот, постои трошка сомнеж дали земале контрацепција.
8. Тие се насмевнуваат во огледалото. По депилацијата, освежувањето, облечената долна облека, остана само да се погледнат во огледало, да се насмеат и да си речат: „Изгледам феноменално!“
извор: убавина и здравје