Љубов и Секс

Дали Г-точката навистина постои?

Дали Г-точката навистина постои?

Недопирливата Г-точка често е предмет на дебата која ќе се спомене женскиот оргазам.

За да го пронајдете тој дел од телото кој води кон неизмерно задоволство, мора да бидете трпеливи. Еднаш кога ќе го откриете, со леснотија ќе го пронајдете повторно. Постојат шпекулации за тоа каде точно е Г-точката, а тоа всушност е место на кое уретралниот сунѓер удира во ѕидот на вагината. Некои жени велат дека Г-точката на допир е погруба од останатите делови од вагината и дека има ребраста структура, но тоа не е секогаш случај. Најдобриот и најлесниот начин да ја пронајдете е да експериментирате.

Г-точката всушност е значително поголема од точка и се обвиткува околу уретрата, поради што понекогаш за време на стимулација кај жените предизвикува нагон за мокрење. За да знаете каде точно да ја барате, треба да имате претстава за тоа каде се наоѓа. Тоа најчесто е околу 5 сантиметри од влезот во вагината и околу 2 сантиметри нагоре, позади пубичната коска, при што притисокот треба да биде насочен кон папокот. При нејзина стимулација, се создава притисок врз пубисот, а тој стимул понатаму се пренесува на клиторисот, што предизвикува задоволство.

Пред да започнете со истражување на анатомија, погрижете се за сексуално расположението. Запалете свеќи, впуштете се во ‘валкан разговор’, заедно прочитајте некоја еротска книга или правете нешто друго што ве опушта. Кога сте возбудени, во вашата карлична регија има повеќе крв, а ткивото кое ја сочинува Г-точката станува поткренато и полесно може да го најдете. Исто како и пенисот за време на ерекцијата, уретралниот сунѓер се зголемува при сексуално возбудување, па така најлесно може да се забележи.

извор:точка.ком.мк

To top