„Кога станува збор за сексот, отсекогаш знаев дека моите интересирања се значително поразлични од интересирањата на ’нормалните’ луѓе. Ме возбудуваа многу работи кои останатите многу лесно би ги класифицирале како чудни. Имам многу чудни фетиши и многу мастурбирам. Најлошо од сè, или најдобро, во зависност од вашата перспектива, ништо не ме возбудува повеќе од групен секс”.
Една девојка ја споделила својата приказна за нејзиниот неверојатно голем сексуален апетит на сајтот Kinkly.com. Ви ја пренесуваме нејзината исповед.
Возбуда поради лажење
Не само што сакав да имам секс со многу луѓе, туку сакав и исте да ги лажам. Тоа беше клучната работа која ме возбудуваше. Обичниот живот ми беше досаден.
Почнав да имам секс со луѓето на работа. Потоа, почнав да имам секс и со една девојка која ја запознав преку работа. Ниедна личност не знаеше за другите.
Некогаш бев омажена, а цело време на личноста со која имав секс на работа и` велев дека ја сакам и дека поради неа ќе го напуштам бракот. Никогаш не го направив тоа.
Ништо од ова за мене не беше чудно, напротив, тоа беа обични, нормални работи. Бев омажена и спиев со три жени на работа и на сите им велев дека ги сакам. Можеби тоа ви звучи ужасно, или возбудливо. Не знам.
За мене тоа беше возбудливо. Цело време бев под напон. Понекогаш имав секс со две личности во текот на денот, а понекогаш и четири пати. Ако измеѓу тие авантури имав малку време, тогаш мастурбирав.
Навлечена на секс
Ваквото однесување ми создаваше и големи проблеми. Имав многу шанси за да ги променам работите, но јас само продолжив да одам понатаму, сè до горчливиот крај. Одев напред сè додека не се најдов притисната во агол, без излез.
Тука е делот кога настапува „зависноста“. Правев многу работи, сексуални, кои целосно ми го уништија животот. Но, тоа ми даваше неверојатен адреналин. Подоцна ми беше срам, паѓав во депресија поради работите кои ги правев, а единствената работа која ми помагаше повторно да се чувствувам добро беше влетување во нов луд секс.
Целиот овој процес се повторуваше сè додека не се разведов, останав без работа и дом. Почнав да живеам заедно со една жена. Беше одлична ако ви е потребен некој кој ќе го држите на кратко јаже, но таа не беше добар пријател.
Сфатив дека дојде време да одам на одвикнување. Тоа искуство не беше убаво, но ми помогна да го променам однесувањето. Само што, тоа не траеше долго.
Една година откако ја напуштив рехабилитацијата, спиев со шефот, колегите, но возбудата исчезна. Сето тоа сега е само навика. И одлучив засекогаш да се ослободам од неа.
Иако за многумина зависноста од секс всушност и не е вистински проблем, туку само изговор за спиење со многу луѓе, мојот пример го покажува токму спротивното.
Меѓутоа, секој од нас има свој, личен однос со сексот и со тоа што тој значи. Сите имаме различни погледи кон она што е прифатливо, а што не е. Ако сте искрени со себе си и притоа не повредувате никого, никогаш нема да мора да се грижите дали сексуалната зависност навистина постои.
извор:popara.mk