Љубов и Секс

Истражување: Ниту карантин во текот на пандемија не спречува неверство

Истражување: Ниту карантин во текот на пандемија не спречува неверство

Можеби на прв поглед звучи невозможна идејата за изневерување во текот на одреден карантин и рестриктивни мерки, но најново истражување покажа дека ниту оваа ситуација не ги спречи луѓето да изневеруваат.

Интернет страницата Dating.com спроведе анкета на 2.000 испитаници кои требаше да одговорат на прашањето дали биле изневерени од март до денес. Резултатот е изненадување за сите, дури 55 проценти одговориле потврдно. Од нив, 45 проценти од изневерените се жени и само 15 проценти мажи.

Причините за неверство не се баш некое изненадување, една третина рекле дека се изневерени бидејќи партнерот повторно се зближил со поранешната партнерка, а 20 проценти рекле дека истата работа се случила со некоја нова личност.

Марија Саливан од dating.com вели дека карантинот бил одличен тест за сите парови, некои го подобриле и зацврстиле односот подобро запознавајќи се еден со друг, а други сфатиле дека едноставно не им е судено да бидат заедно.

Истражувањата покажаа дека многумина се свртиле токму кон апликациите и страниците за запознавање луѓе во текот на овој тежок период, пренесе Insider.

извор: Кајгана

To top