Интеракциите на работното место се исполнети со дружење и смеа, но дали некогаш сте забележале дека некоја од вашите колешки постојано ви се насмевнува, ви носи кафе и сака да се дружи со вас по работното време? Овие 20 знаци ќе ви откријат дали таа е заинтересирана за вас.
1. Таа се насмевнува секогаш кога ќе ве види
Ова е многу мал, но очигледен знак дека таа можеби е заинтересирана вас, особено ако не се однесува така кон другите колеги.
2. Секогаш наоѓа начин да биде околу вас
Дали некогаш успеала да се пробие низ толпата од другите вработени само за да застане покрај вас?
3. Бара помош цело време.
Ако ѝ се допаѓате, таа ќе најде начин како да комуницирате. Така ќе биде поблиску до вас.
4. Ви нуди помош
Таа ќе почне да се грижи за вас така што ќе ви носи грицки и кафе. Можеби ќе ви донесе од храната што ја подготвила дома и ќе ве праша како сте затоа што постојано се интересира како се чувствувате.
5. Прашува за вашиот живот надвор од работата
Да се интересирате за приватниот живот на вашиот соработник можеби не е само пријателска интеракција. Но, таа дефинитивно ќе ве прашува за вашите лични интереси и хобија многу повеќе од другите соработници.
6. Има премногу случајни допири
Допирите се моќен психолошки трик што можете да го користите за привлекување луѓе кон себе. Ако таа „случајно“ помине покрај вас и вашите тела се допрат и тоа продолжи да се случува често, тогаш не е случајно.
7. Го менува изгледот за да ви го привлече вниманието
Кога жената е заинтересирана за некого на работното место, таа ќе направи сè за да биде забележана.
8. Секогаш гледа во вас
Ако погледнете во делот каде што работи и забележувате дека таа веќе гледа во вас, тоа е навестување дека флертува со вас.
9. Секогаш седи до вас за време на состаноците
Бидејќи сака да биде близу вас, ќе седне колку што е можно поблизу. Таа дури може да нанесе парфем што ќе ве полуди и ќе ве натера да мислите на неа.
10. Таа флертува со вас постојано
Повеќето колеги понекогаш се шегуваат за да ја разбијат сериозноста во канцеларијата. Но, таа може да ја искористи оваа можност за навистина да флертува со вас.
11. Се сеќава на сите мали детали за вас
Можеби низ пријателски разговор ѝ кажавте за вашите лични интереси пред некое време, а таа се сеќава на сето тоа. Дали мислите дека тоа е случајност?
12. Таа ви се јавува или ви праќа пораки надвор од работното време
Ако ве бара за да разговарате за други теми што не се поврзани со работата, очигледно е дека е заинтересирана за вас.
13. Бара од вас да ја испратите до нејзиниот автомобил
Од сите други машки колеги во канцеларијата, таа одлучува да ве замоли вас да ја испратите до нејзиниот автомобил.
14. Таа се сеќава на вашиот роденден
Ако се сеќава на вашиот роденден или ако ви направи изненадување, тоа веројатно значи дека ѝ се допаѓате, па затоа се обидува да направи да се чувствувате посебно на вашиот роденден.
15. Ви носи кафе или појадок
Вие дури и не треба да ја замолите да го направи тоа. Ако доаѓа во канцеларијата и ви носи кафе само вам, тоа е голем знак.
16. Има прекар за вас
Ако има прекар само за вас, а не и за другите колеги, тоа е уште еден знак дека е заинтересирана за вас.
17. Ги забележува малите промени во вашиот изглед
Дали ја избричивте брадата? Ја променивте вашата гардероба? Што и да промените, таа ќе забележи веднаш.
18. Бара да се дружите надвор од работата
Ова е прилично очигледен знак дека таа сака да
поминува повеќе време со вас.
19. Вашите соработници ви кажуваат за неа
Ако вашите соработници почнат да ве прашуваат што се случува помеѓу вас, тие точно знаат што се случува.
20. Поминува покрај вас за да ви рече „здраво“
Забележете кому му вели „здраво“. Дали вие сте единствениот? Дали им вели „здраво“ на сите, но со вас разговара подолго?
извор: Пулс24