Љубов и Секс

Вака мажите манипулираат со молчење: Кога ќе завладее тишина, жената мора да постапи вака!

Вака мажите манипулираат со молчење: Кога ќе завладее тишина, жената мора да постапи вака!

Во спротивно, ќе го правите за него и тоа што го сака и тоа што не го сака

Игнорирањето обично е најдобриот начин да се изборите со бројни проблеми, но кога станува збор за врските, тишината е начинот што мажите најчесто го одбираат за да манипулираат со жените.

Дали ви се случило да му испратите порака на партнерот или да му кажете нешто, а тој да не возврати ништо? Не е важно дали тоа било навредливо или нешто потполно безначајно, тој исчезнал, а вие сте преплавени со паника, па дури и чувство на вина.

„Најверојатно го навредив, сега мисли лошо за мене“, е најчестата помисла на жените кои почнуваат да се навраќаат на сè што кажале, да преиспитуваат каде згрешиле.

Застанете и смирете се!

Најверојатно не сте го навредиле со ништо, а дури и да е така, мажот кој не манипулира никогаш не би молчел, туку би разговарал за проблемот.

Како да реагирате ако мажот замолчи?

Мажите имаат своја природна реакција на повлекување во себе. Многумина не го прават тоа свесно и не мислат дека на сè треба да ви одговорат веднаш и сега. И тоа е нормално, велат психолозите, ако се работи за донесување некоја важна одлука и слично. Не треба да се плашите од тоа, тоа е добро, бидејќи значи дека сака да размисли за сè и да ги согледа сите аспекти. Или ви подготвува убаво изненадување…

Кога партнерот молчи, тоа го доживуваме како губење контрола, се создава паника и разни фантазии – од неверство и напуштање до евентуална смрт. Тоа е карактеристично и за мажите и за жените.

Кога партнерот не ви одговара или исчезнал, мозокот создава страшни слики, а тој метод на пауза има моќ секого да го излуди. Мажите честопати го прават тоа несвесно, а кога ќе ја сфатат моќта на оваа техника, некои ја користат и намерно.

Постојат мажи кои ја користат тишината така што намерно не одговараат на пораките или во живо одбегнуваат прашања, особено ако се почувствителни, сето тоа за да се исплашите дека ќе го изгубите и за да ве натераат да се откажете од вашите прашања. На овој начин многу мажи ја одбегнуваат одговорноста – жената ќе се исплаши, нема да прашува ништо веќе и од сè ќе се откаже сама.

На пример, вашето допишување изгледа вака…

ТОЈ: Доаѓаш вечерва?

ВИЕ: Се чувствувам лошо, не можам…

ТОЈ: (не одговара)

ВИЕ: Навистина ми е многу лошо…

ТОЈ: (не одговара)

ВИЕ: Викнав такси, ќе пристигнам брзо…

ТОЈ: Океј.

Со методот на пауза, мажите честопати знаат да ги измамат жените за многу работи…

ТОЈ: Можеш да ми позајмиш 10 илјади?

ВИЕ: Навистина немам, да имав ќе ти дадев.

ТОЈ: (не одговара)

ВИЕ: Немој да се лутиш, мајка ми е болна, сите пари одат на лекови…

ТОЈ: (не одговара)

Два часа подоца…

ВИЕ: Позајмив пари од сосетката, ќе ти донесам утре.

ТОЈ: Океј, супер.

Разговорите на оваа тема треба да изгледаат вака:
ТОЈ: Можеш да ми позајмиш 10 илјади?

ВИЕ: Навистина немам, да имав ќе ти дадев. Сите пари ги трошам на лекови за мајка ми.

ТОЈ: (не одговара)

Утредента:

ТОЈ: Душо, каде си?

ВИЕ: (не одговарате)

Една недела подоцна…

ТОЈ: Љубов, добро си? Како си? Најдов пари, сè е во ред. Сакаш да одиме на кино?

Затоа, драги жени, научете и вие да замолчите во вистинските моменти. Само можете да добиете. Научете го ова од мажите – не дозволувајте да ве ранат без оружје.

Некои паузи може да бидат одлични за да се поправи врската, за мажот да ги зајакне своите чувства, бидејќи чувството на загуба и љубов понекогаш се едната иста работа, две многу слични енергии.

Но ако препознаете дека ја искористува тишината само за да добие од вас сè што ќе посака, бегајте без оглед на сè!

Извор: Убавина и здравје

To top