За време на сексот, во зависност од позицијата, се активирани речиси сите мускули на телото, така што не е чудно што со оваа активност се губат доста калории.
Имено, сексолозите тврдат дека во секс од половина час се трошат 150 калории, додека за време на ‘пострастен секс’ се трошат дури и до 350 калории, што е еднакво на половина час трчање.
Резултатите објавени во магазинот „Plos One“, покажуваат дека мажите сугерираат 100 калории за време на просечниот секс, а жените околу 69 калории.
Истражувачите процениле дека мажите можат да согорат околу 4,2 калории по минута за време на сексот, додека жените согоруваат 3,1 калорија, пренесува „Men’s Health“.
Научници од Универзитетот во Монтреал, во 2013-та година се обиделе да одговорат на тоа прашање:
„Мажите можеби физички се поактивни за време на сексот, со што потенцијално се објаснува зошто согоруваат повеќе калории“, рекол авторот на студијата, Антони Карелис.
Меѓутоа, жените исто така мора да научат да го контролираат својот оргазам и ‘да се држат до партнерот’ што е можно подолго, а на тој начин ги активираат мускулите на рамената, рацете и бутовите.
Доколку жените се позиционираат така што стопалата ќе им го допираат креветот или подот, ќе активираат голем број мускули.
Експертите нагласуваат и дека сексот е добра вежба и се препорачува почесто да се практикува.
извор: точка.мк