Жените не секогаш ќе го покажат своето незадоволство од вашето однесување или одредени ваши постапки, но бидете сигурни дека внимателно ќе размислат за некој од вашите вистински недостатоци.
Следните 3 причини се само некои што можат да ја натераат жената да помисли дека би била посреќа во друга врска или сосема сама, отколку со нејзиниот сегашен партнер.
1. Таа не е сигурна дека може да се потпре на вас
Дури и жените кои особено ја ценат својата слобода се чувствуваат пријатно во врска само кога знаат дека можат да се потпрат на својот партнер. Ако вашата поубава половина смета дека не сте сигурен и ако таа не се чувствува дека сте ниту барем малку подготвени да се жртвувате за неа, тогаш многу мали се шансите жената да се одлучи да продолжи со ваквата врска.
2. Таа добива впечаток дека не е број 1 во вашиот живот
Безусловната љубов е резервирана за децата и родителите. Во врска, од друга страна, ако жената смета дека не е на врвот на листата на приоритети на партнерот, по некое време ќе престане да ги споделува истите чувства што ги имала до тогаш.
3. Таа чувствува дека не ја поддржувате доволно
Влегувањето во врска не значи дека треба да ги запреме сите наши животни аспирации и да се преправаме дека ни е доволно тоа што сме заљубени. Многу мажи прават грешка кога мислат дека желбите и соништата на нивните партнерки се само минлива работа и затоа најмногу ги обесхрабруваат кога ќе решат да пробаат нешто ново во животот. Ако мислите дека вашата партнерка ќе ви прости за таквото однесување, многу грешите!
извор: Нане