Мегафон

По победата во „Ѕвездите на Гранд“ Ристе Ристески ја обелодени својата љубовна тајна!

По победата во „Ѕвездите на Гранд“ Ристе Ристески ја обелодени својата љубовна тајна!

Изминатата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ дефинитивно ќе ја паметиме по победата на охриѓанецот Ристе Ристески, кој успеа меѓу многуте финалисти на шоуто да биде прв и да освои награди од продукцијата и секако да се стекне со поголема популарност во регионот.

Оттогаш поминаа неколку месеци, Ристе го зема заслужениот автомобил, а сега ја најави и својата прва песна насловена „Добро утро тајно“.

На социјалните мрежи ги израдува своите бројни обожаватели со кусо видео преку кое наедно ја најави новата песна и отпеа дел од рефренот.

Она што може да се забележи е дека песната е отпеана на српски јазик, а изработена од композиторот и текстописец  Бане Опачиќ.

Баладата звучи одлично и само со еден отпеан стих, а финалната верзија, како што најави Ристе ќе имаме можност да ја слушнеме многу наскоро.

To top