Штом вакво прашање во насловот, веќе го насетувате одговорот. Иако долго се веруваше дека мажите ги изневеруваат своите сопруги/партнерки со поубави и позгодни жени, едно тазе истражување покажува дека во реалноста е сосема обратно.
Излегува дека мажите, кога изневеруваат, не гледаат на убавина. Всушност, повеќето од мажите кои ги изневериле своите сопруги признаваат дека тоа го направиле со личност која физички им е помалку привлечна од сопругата. Истражувањето покажува дека наместо убавината, на мажите поважно кај љубовницата им е страственоста, нежноста и вниманието што им го посветува.
Според студијата, мажите се свесни дека нивната жена е позгодна и поубава уште пред да ја изневерат. Само 30% рекле дека сопругата ја изневериле со помлада жена, а само четвртина (25%) рекле дека нивната љубовница е поубава од сопругата.
Интересно е што и жените го имаат истото мислење за нивните љубовници, со таа разлика што додаваат дека нивниот љубовник воглавно е во подобра форма, и дека повеќе ги цени од мажот.
извор: Курир.мк