Без оглед колку е мал нивниот стан, ништо нема да ги спречи брачните двојки во Јапонија да спијат барем во одделни кревети, ако не и соби.
Сепак, тоа не е знак дека тие имаат проблем во нивниот брак, туку нешто за што веруваат дека им прави добро на многу начини.
Еве зошто во Јапонија маж и жена не спијат заедно:
Различно време на будење и спиење
Ова е прво нешто што ги тера Јапонците да бараат одвоени соби, или барем кревети. Будењето на другата половина само затоа што мора да станете рано или да се вратите доцна, едноставно не треба да влијае на партнерот. Јапонците знаат колку е добар спиењето за физичкото и менталното здравје и прават сé за да го зачуваат.
Бебињата спијат со своите мајки
Мајките во Јапонија спијат со своите деца и ова се смета за многу важно, бидејќи се верува дека оваа навика го спречува ризикот од ненадејна смрт кај новороденчињата и му помага на детето да има стабилен срцев ритам.
Таткото треба да одлучи сам дали ќе спие со нив или ќе се пресели во друга просторија, но не смее негативно да влијае врз сонот на мајката и бебето.
За Јапонците, посебен сон значи мир
И додека остатокот од светот на спиењето во различни простории претежно гледа како на иден развод, Јапонците размислуваат сосема поинаку.
Тие едноставно многу го ценат квалитетот на спиењето, и нема да дозволат ништо да ги вознемирува. Јапонците не сакаат да бидат разбудени од претераното хрчење на партнерот, вртењето, удирањето во сон… И другиот апсолутно го разбира тоа.
извор: кумановскимуабети