Пандемијата со коронавирусот кој го зафати целиот свет, ни стави кочница на секојдневното забрзано темпо на живеење, ги затвори границите, а со тоа и можностите ова лето да отпатуваме на некоја егозтична дестинација.
Но, затоа пак ја имаме нашата убава држава со своите убавини, прекрасниот Охрид, Дојран, Маврово, Галичник…
Поглемиот дел од естрада се лоцираше во македонскиот бисер – Охрид.
Сузана Турунџиева тргна во летна авантура со нејзината мајка и помалата ќерка.
Тие го посетија Пелистер, а Сузе не се штедеше да објави неколку фотографии од убавините и пределите на овој дел од Македонија.
Потоа, коалцијата „мајка и ќерки“ ја посети и Матка, оазата на Скопје.
Туринџиева стигна и до плажа, односно на плажа во Претор.
Таму се испружи во бикини на сонце, а освен што служеше да се одмори, Турунџиева го искористи времето под сончевете зраци и да чита книга.
Веруваме дека Сузе убави ги наполнила батериите, па дека со полна енергија и елан ќе се врати на обврските.
фото: фејсбук