Пензионерка од Велика Британија мислела дека 25 години откако ставила крај на нејзиниот прв брак, среќата конечно ќе влезе во нејзиниот живот, откако стапила во брак со помладо момче кое го запознала на социјалните мрежи.
64-годишната Патриција Хоскок се омажила за Мондера Мјурис од Тунис, со кого се запознала преку Интернет, и покрај тоа што тој имал само 26 години.
„Ме третираше како кралица, се однесуваше многу добро, а и интимните односи беа неверојатни.“ – вели Патриција, која истакнува дека хемијата меѓу нив двајцата се родила уште пред да се запознаат во живо.
Момчето ја опсипувало со комплименти и таа едноставно почувствувала дека Мондера е лудо вљубен во неа. И покрај тоа, Патириција сокрила од момчето дека последните 12 години од нејзиниот живот ги поминала во инвалидска количка.
„Кога се сретнавме во живо, тоа воопшто не му сметаше, и покрај тоа што се плашев што ќе рече. Јас ја платив вечерата со оглед на фактот дека тој беше многу млад и не заработуваше многу. И моите ќерки беа пресреќни за мене. Јас го купив невестинскиот фустан и прстените.“ – вели пензионерката.
Набрзо откако парот стапил во брак, момчето подготвило подарок за својата сопруга.
„Ми даде кутија со подарок, за што навистина мислев дека станува збор за прстен. Кога ја отворив внатре всушност имаше пар на вештачки трепки, за кои рече дека добро би ми стоеле. Откако ја доби својата виза, исчезна. Не го видов 8 месеци.“ – раскажува Патриција.
Така соништата на жената се претвориле во вистински кошмар, а Патриција нејзината приказна реши да ја сподели во светските медиуми со цел да ги предупреди и останатите како неа. Покрај тоа што заминал по само 14 дена од стапувањето во брак, Мондера ги зел и сите нејзини пари, така што сега старицата вели дека „сврзува крај со крај.“
извор: Нане