Љубов и Секс

Четири најчести грешки што ги правите за време на секс

Четири најчести грешки што ги правите за време на секс

Сексот треба да биде уживање и задоволство за двајцата партнери.

Јасно дека не постои магична формула која ќе го подобри сексуалниот живот кај сите, но постојат начини како да ги отстраните грешките за да го подобрите сексуалниот живот.

Ова се четири најголеми грешки кои ги правите за време на секс

Прескокнување на предиграта

Предиграта е еден од најважните фактори за уживање во сексот. Очекувањето за тоа што ќе се случи подоцна уште повеќе го зголемува уживањето. Меѓутоа, можеби ќе ви треба малку повеќе време додека да научите да уживате во предиграта и да не брзате.

Без оргазам

Познато е дека жените не можат да постигнат оргазам толку брзо и лесно како мажите. Но, наместо да глумите дека доживувате оргазам, треба да разговарате со вашиот партнер за тоа како може да го подобрите сексуалниот живот и подеднакво да уживате во сексот.

Не слушате

Комуникацијата е важна за добар секс, а ако секој оди по свое и не го слуша другиот, тоа никако не може да резултира со нешто добро. Уживањето на партнерот/партнерката треба да ви биде подеднакво важно и треба да знаете кои пози му/ѝ се допаѓаат за да имате незаборавен секс.

Одбивањето на нови работи

Моногамијата е тешка. Водењето со љубов со една личност подолг период знае да биде здодевно ако не пробувате нови работи. Опуштете се и дозволете си да пробувате нови работи, не се ограничувајте на истиот секс кој го имате со години.

извор:кајгана

To top