Љубов и Секс

Мазохисти или освојувачи:Како да ги препознаете и поради што ги привлекуваат оние кои ги омаловажуваат?

Мазохисти или освојувачи:Како да ги препознаете и поради што ги привлекуваат оние кои ги омаловажуваат?

Постојат два типа на емоционално незрели личности Често сме склони да сите останати луѓе ги делиме према разни карактеристики на личноста, а кога зборуваме за емоционално незрелите личности, експертите издвојуваат две категории: мазохисти и освојувачи.

Мазохистите се во состојба цел живот да го поминат некој да ги игнорира, навредува, омаловажува и слично.Тие, на некој начин уживаат во тоа.

Другиот тип се освојувачи. Нивниот животен став е освојувањето, а одкако ќе успеат во тоа, повеќе не им е интересно. Тие се во состојба да освојуваат некого, се додека не успеат во тоа, а ако започнат љубовна врска го губат интересот и се свртуваат кон нови предизвици.

Најбизарен од се е фактот дека често ги привлекуваат луѓе кои ги игнорираат или омаловажуваат,а всушност не им се допаѓа ништо посебно,ниту пак им се интересни поради некоја посебна причина, на пример да имаат одредени добри карактеристики , убавина …туку баш заради тоа што не покажуваат за нив интерес.

Експертите за човековата психа кажуваат дека таквото однесување е доказ за емоционана незрелост. Тоа се луѓе кои себеси не се ценат доволно, односно, имаат одредена доза високо мислење за себе, но длабоко во себе, во тоа не се сигурни и желни се тоа да им биде потврдено, од почеток и од почеток.Кога ќје наидат на некој кој нема да биде импресиониран од нив, посакуваат по секоја цена другата страна да ги примети.

Исто така, тоа за освојувачите е како некаков предизвик, во кој мораат да победат, а што е некој повеќе незаинтересиран и ги игнорираат,во нив е се поголема желбата тоа да го променат затоа што имаат голема потреба себе нешто да си докажат, а всушност се многу несигурни.

Експертите велат дека коренот на проблемот често лежи во детството. Ако детето било сведок на здрав однос на своите родители, веројатно и сам ќе има добри и здрави односи во возрасна доба.

Прв пример на заедничкиот брачен живот е оној кој детето го гледа дома – тоа е она што може да го смета за правилно и нешто што е едноставно така.

Но, доколку тоа од ден на ден приметува лоши односи, во неговата свест ќе се гради друга слика на брачниот живот, него ли кај дете чии родители имале добри односи. Тоа е нешто што покасно може да му го усмери животот и да влијае на изборот на партнерот.

извор:попара.мк

To top