Шпионирањето на симпатиите на Интернет пред првиот состанок станаа задолжително модерни и искушение на кое тешко може да се одолее. Благодарение на Фејсбук, за десет минути можете да откриете во кое средно училиште отишол, како се вика неговото милениче, каде работи и дали имате заеднички пријател.
Постојат многу причини зошто играњето на Шерлок Холмс е глупаво, и заради овие три треба да престанете итно да го правите тоа.
1. Се сте поврзале погрешно.
Видовте фотографија од него облечен како Дарт Вејдер и заклучивте дека гарант е еден од оние досадни типови кои во слободно време оди на конвенциите на Војна на ѕвездите. а, всушност, тој само ја одвел малечката братучетка на маскенбал.
2. Ја убивате мистеријата и неизвесноста.
Тој рече дека ќе ве однесе на најубавото место во светот следниот викенд и не сакаше да открие каде. Но дури не мораше затоа што веќе знаете каде ве носи. На фотографијата на профилот на Фејсбук, тој позира во близина на Плитвички езера, а подолу во коментарот пишува „најубавото место на светот“.
3. Погрешно заклучивте дека не е верен.
На фотографиите од еден ноќен клуб, во кој е обележан, тој позира во друштво на две секси блондинки. Гарантот ги менува како чорапи, заклучивте. Штета што не сфативте дека една русокоса има исто презиме како него. Ова се неговата сестра и нејзината најдобра пријателка.
Извор: Попара.мк