Ако после неколки раскинувања не успеавте да го преболите бившиот, можеби би требало да поработите на овие работи. Ако мислите дека е вреден за борба и дека животот е многу поубав со старата љубов, можеби би било добро да ги послушате советите на стручњаците и психолозите и да ги промените старите навики.
Во едно истажување , научниците дошле до три важни начини како да се смирите со бившиот.
Работете на себе
Малку жени помислуваат на тоа после разделбата,но можно е проблемот да е во вас. Затоа моментите кога сте повторно слободни се идеални да изградите најдобра можна верзија од себе – тогаш имате доволно енергија и време!
Прочитајте ги книгите во кои долго планиравте да уживате, запишете се на курс по некој јазик или вештина, направете некоја значајна промена во стилот… Така ќе се свртите кон себе и ќе бидете најдобра верзија од личноста која тој ја запознал и засакал.
Дајте му малку време
Да, ова звучи како најбескорисниот можен совет, а скоро секоја жена се плаши дека истиот ќе доведе до тоа бившиот партнер потполно да ја заборави и да се заљуби во друга.
Психолозите тврдат дека, ако има надеж за вас како пар и ако доволно му значи, големи се шансите да му недостасувате и да сфати дека неговиот живот е поубав со вас. Според тоа, единственото што треба да го направите е да почекате да се јави и да ви понуди уште една прилика.
Време е за иницијатива
Сосема спротивно од вториот совет –стручњаците од друга страна пак тврдат дека некогаш е добро работата да се земе во свои раце. Ако добро го познавате и знаете дека и тој, во случај да му дадете време, ќе се повлече иако му значите, обидете се со (секако не пренаметливите) постови на социјалните мрежи: мистериозен статус, своја фотографија во најубавото можно издание…
Се се тоа, како што психолозите велат, трикови кои иако можеби звучат малку несериозно и детинесто, им помогнале на многу жени. Ако не сте за играње игри и сакате отворен разговор, колку време и да поминало, стручњаците секогаш советуваат да го повикате и да му ги откриете вашите намери.
извор: Попара